Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот превој Буково попладнево е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Како што соопштија од АМСМ, забраната стапува во сила од 16:15 часот.

Од истата причина патниот правец крак Маврово – Дебар во 16:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЈП „Македонија пат“.