На патниот правец Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“ од 18.30 часот сообраќајот е во прекин поради сообраќајка во која е превртено тешко моторно возило.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, возилото удрило во надвозник  – железен мост – лента за транспорт на руда за „Фени“.

Сообраќајот се пренасочува од мотел „Дреново“ – Росоман – Кавадарци – Неготино и обратно.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајна полиција.

Претходно Македонија пат соопшти дека на патниот правец Валандово – Удово, пред клучката кај Калковска Река, од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на ова Јавното претпријатие.

Сообраќајот се пренасочува преку Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивните екипи работат на расчистување на наносите на коловозот и се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.