Товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово вчера околу 7:20 часот излетало од автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар и удрило во метална ограда.

Како што информираат од МВР, по незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал поради сериозноста на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.