Од 21:45 часот нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп што претходно во 20:10 часот беше пренасочен по стариот пат од Битола до Прилеп поради случена сообраќајна незгода со жртва, информира АМСМ.
Сообраќајната несреќа беше кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“.
Повеќе детали за тешката сообраќајка ќе објавиме по добивањето на информациите од увидот од надлежните органи.
Фото: МИА архива