Шеесет и едногодишна жена го загуби животот, а тригодишно девојче е тешко повредено синоќа кога во нив удрило комбе на булеварот „Србија“ во скопската населба Аеродром.

МВР соопшти дека околу 20 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје.

Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22:45 часот В.Т. им подлегнала на повредите.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.