Две лица, од Скопје и од Кумановско се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информациите на полицијата, незгодата се случила вчера околу 15 часот и 50 минути на место викано „Пескавица“ во близина на Струшкото село Франгово.
-М.Д. (35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ. (27) од кумановското село Умин дол, се здобиле со повреди, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга.