На 14.08.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, поточно во с. Трубарево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната Б.Ј. и велосипед, управуван од В.Д.(70) двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.




