Изречени се вкупно  509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот.

Од МВР денеска соопштија дека за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 75 прекршоци, изречени се 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас.

За непрописно паркирање санкционирани се 91 возач, 74 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни се за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, потенцираат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.