Одлично се запознав со мојот добар пријател северномакедонскиот вицепремиер Артан Груби, објави Александар Сорос, син на американскиот богаташ Џорџ Сорос, на својот профил на Твитер.

Притоа Сорос помалиот употребува придавка северномакедонски, наместо „бетонираната македонски“, како што убедуваше и бившиот премиер Зоран Заев, а и денешните негови наследници во власта.

Сорос помладиот кој сега ја води фондацијата Отворено општество, со овој потег упатува уште една провокација кон македонската јавност.

Тој освен навредливото именување на своите домаќини во Владата на Република Македонија за вицепремерот Груби вели дека му е добар пријател, но не и за премиеротКовачевски.

– Одлично се запознав со мојот добар пријател северномакедонскиот вицепремиер Артан Груби. Разговаравме за Отворен Балкан и почетокот на пристапните преговори со ЕУ, ново поглавје на европскиот пат. С. Македонија е навистина светилник на надеж за Европа и Западен Балкан! – објави Сорос помладиот по средбата со Груби.