Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 7.30 часот, од кои еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати – соопшти ЦУК.

Активен е пожарот во општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментно е активен на територијата на Р. Косово (шума).

Пожари под контрола има во општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума); општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).

Изгаснати се 27 пожари, и тоа во општина Зелениково: над с. Палиград – Преслап (мешана шума); општина Центар: Градски парк (ниска вегетација и дрвја); општина Бутел: ул. „Боца Иванова“ (ниска вегетација и ѓубре); општина Шуто Оризари: Визбегово, зад хотелот „Њу стар“ (депонија); општина Прилеп: зад факултетот во Прилеп (ѓубре); општина Охрид: депонија Буково (ѓубре); општина Струга: кај с. Ложани (ѓубре); општина Струга: помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева и стрништа); општина Велес: кај базенот за вода над м.в. Поток (ѓубре од дива депонија); општина Липково: с. Отља (ѓубре); општина Ранковце: с. Петралица (нискостеблеста дабова шума); општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и грмушки); општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација); општина Маврово и Ростуше: м.в. Голем Брдаш (шума); општина Прилеп: на потегот с. Дрен – с. Царевиќ (ниска вегетација); општина Бутел: ул. „Боца Иванова“ (ниска вегетација); општина Битола: населба Стрчин (ниска вегетација); општина Струмица: с. Банско (депонија); општина Струга: с. Јабланица (ниска вегетација); општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација и борови дрвја); општина Гостивар: с. Горна Бањица (ниска вегетација); општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација); општина Зелениково: с. Смесница (ниска вегетација и шума); општина Градско: с. Кочилари (ниска вегетација и борова шума); општина Куманово: с. Лопате (стрниште); општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, м.в. Кириловец (пасиште и ниска вегетација); општина Желино: с. Лаце (шума).