Во Советот на Општина Гостивар дојде до промена на силите и со изборот на нов претседател е формализирана коалиција меѓу Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објави Гостиварпрес, досега во Советот доминираа ДУИ и СДСМ кои имаа мнозинство заедно со советниците од НДП-Унитети и Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.

Наместо досегашниот претседател Насир Муслиу, Советот ќе го води Бесим Мемеди од Алијансата на Села.
Тој освен од неговата, доби поддршка и од советничките групи на БЕСА, ДНЕТ и на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа освен извршената функција која ја врши градоначалникот Таравари, Алијансата го презеде и Советот, со што непречено ќе може да управува со локалната власт во Гостивар.

Клучниот глас за промена на мнозинството и за превласт на коалицијата Алијанса-ВМРО-ДПМНЕ го даде советникот Кашмир Салиу од Демократскиот сојуз на Ромите.

По изборот, Мемеди се заблагодари на довербата и изјави дека очекува поддршка во работата од сите советници.