Скопје продолжува да биде најзагаден град во светот, без градска депонија која ќе ги исполнува европските и светски стандарди, се вели во реакцијата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

– Откако два дена Петре Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари пари кои можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани. Вредноста  на набавката е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари, се вели во реакцијата.

Во продолжение на соопштението се додава:

– Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното комунално претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна на депонијата Дрисла се гледа како на мегдан за правење на бизнис интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев. Додека Шилегов не мрда со малиот прст скопјани се гушат во сметот и депониите за кои Шилегов нема решение. 2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, се вели во соопштението од советничката група.