Аргентинската кошаркарска федерација објави дванаесет имиња на кои Серхио Ернандез ќе смета на претстојниот Мундијал во Кина.
Јужноамериканците се наоѓаат во групата Б, со екипите на Русија, Јужна Кореја и Нигерија.
Во екипата се наоѓаат имињата на Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Луис Скола (Шангај), Габриел Дек (Реал Мадрид), Лука Вилдоса (Басконија), Патрисио Гарино (Басконија), Нико Лапровитола (Реал Мадрид) и Нико Брусино (Реал Мадрид).
Другите избраници за СП 2019 се Агустин Кафаро (Сан Лоренцо), Маркос Делија (Мурсија), Максимо Фелеруп (Сан Лоренцо), Тајавек Галичи (Регатас Кориентес) и Лусио Редиво (Бреоган).
Доколку завршат како една од првите две американски екипи во крајниот пласман, Аргентинците ќе добијат виза за олимпискиот турнир во кошарка во Токио следната година.
Ако тоа не се случи, тие ќе се обидат да заземат место во Јапонија по дополнителните олимписки квалификации.