Хрватска се пласираше во четврфиналето од Светското првенство во Катар.

По регуларните 90 минути натпреварот беше со изедначен резултат 1:1, а ниту продолженијата не го одредија патникот во следната фаза од Мундијалот.

Хрватска обезбеди место во четврфиналето по изведувањето на пеналите, а по три промашени на Јапонија беше јасно кој е победникот на натпреварот.

Хрватска е во четвртфиналето, а таму ќе игра со подобриот од мечот Бразил – Јужна Кореја.