Кошаркарите на Чешка неочекувано забележаа висока победа против Бразил и значително си ги зголемија шансите за четвртфинале на Светското првенство во Кина. Чесите триумфираа со 93:71 и со евентуална победа над Грција во следната рунда ќе се најдат помеѓу осумте најдобри.

Во вториот натпревар од К-групата, попладнево од 14:30 часот играат Грција и САД.

Во пресрет на овој натпревар Чешка е прва со 7 бода, исто толку има и Бразил, САД имаат 6, додека Грција е последн асо 5 бода.