Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за Светското првенство кое наредната година од 12 до 29 јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.

Ждрепката во Катовице ни донесе тешка, незгодна група во која ќе ги одмериме силите против Норвешка, Холандија и Аргентина.

Норвежаните веќе подолго време се при самиот врв на светскиот ракомет, додека „лалињата“ и „гаучосите“ се селекции кои никогаш не можете да ги потцените, селекции кои знаат да изненадат репрезентацјаа од највисок ранг. Избраниците на Лазаров своите средби од првата фаза ќе ги играат во Краков.

Групи за СП:

А-Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора

Б-Полска, Словенија, Саудиска Арабија, Франција

Ц-Шведска, Уругвај, Африка (2), Бразил

Д-Исланд, Јужна Кореа, Унгарија, Португалија

Е-Германија, Африка (5), Србија, Катар

Ф-Норвешка, Аргентина, Холандија, Македонија

Г-Хрватска, САД, Африка (1), Африка (3)

Х-Данска, Африка (4), Бахреин, Белгија