Македонија повторно им се врати на поразите на Светското првенство. Во разигрувањето за од 25. до 32. место во вториот натпревар бевме поразени од Тунис со 28:33.

Тунис мечот со отвори со пет гола, а дури тогаш ние го постигнавме првиот гол на натпреварот. Како што одминуваа минутите ние игравме се подобро и полека се враќавме во натпреварот. Неколку пати доаѓавме до -2, но сепак не успеавме да изедначиме. На пауза Тунис водеше со 14:16.

Почетните минути од второто полувреме беа и нашите најдобри моменти на натпреварот, па така успеавме да го свртиме резултатот и за првпат на мечот да поведеме (18:17).

Гол за гол се играше се до последните 15-тина минути од средбата кога Тунис со една серија по подолго време за првпат се „одлепи“ (21:24). Таа мини-серија од три гола како да ги откажа нашите ракометари, па во продолжение не се вративме и предноста на Тунижаните само растеше за конечни пет голови разлика.

Најефикасни во нашите редови беа Кузмановски и Манасков со по седум гола, додека Дармул за Тунис постигна осум гола.