Енергетски гигант од Унгарија го презема најголемиот и најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од Скопје, објави спортскиот портал Спорт1.

Како што неофицијално дознава Спорт1 од извори блиски на клубот, по едномесечните преговори на претставниците на унгарската компанија и газдата на Вардар, бил постигнат начелен договор за купопродажба на клубот сосе неговите долгови.

Унгарската компанија, како што наведува Спорт 1, е енергетски гигант, се бави со производство и продажба на струја, а својата мрежа наскоро ќе ја рашири и во Македонија.

Неколкупати Унгарците имале состаноци за преземање на Вардар, биле решени, ако им биде прифатена понудата, целосно да го отплатат долгот на црвено-црните (се шпекулира дека сумата е околу три милиони евра) и да го обештетат и сегашниот газда, кој овие две години го оддржуваше клубот во каква-таква кондиција, со цел целосно да не згасне.

Финалните преговори и почетокот на преземањето на Вардар во унгарско владение треба да се случи во текот на идниот месец, претставници на компанијата ќе бидат во Скопје околу 10 јануари за на јавноста да ѝ ги претстават плановите како го замислуваат оживувањето на клубот.

Целата статија може да ја прочитате во Спорт 1 на овој ЛИНК.