Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на првиот човек на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи.
Портпаролот на правосудството, Али Асгар Џахангир, објави дека одлуката е донесена „од хумани причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“.
Според него, помилувањето не ги вклучува лицата осудени за дела против националната безбедност, учество во немири и саботажи, како и лица осудени за вооружен бунт, организирана трговија со дрога, вооружен грабеж, шверц со оружје, киднапирање, примање мито и проневера.
Џахангир истакна дека одлуката е донесена во период кога многу земји не одобруваат амнестии за време на војни и кризни ситуации.
Според иранскиот Устав, Врховниот лидер има моќ да помилува или ублажи казни на осудени лица по препорака на шефот на правосудството.
Фото: архива




