Ја бараме поддршката заради тоа што во овие 4 години, освен оваа подлога на ова игралиште, една шајка нема заковано за месна заедница Гоце Делчев.

Ова го изјавува министерот за внатрешни работи и висок функционер на СДСМ, Оливер Спасовски за досегашниот градоначалник на Куманово од СДСМ, Максим Димитриевски.

– За да реализираме проекти, да го преобразиме Куманово, да застане на цврсто на вистинскиот пат! Заедно сите во нова победа, за број 12 и за Оливер Илиевски, за сите нас, да продолжиме напред за слободарско Куманово! Кога станува збор за Куманово, и сме први и сме најсилни и ќе победиме!- објавува Спасовски на Фејсбук.

Интересни се објавите на лидерите на СДСМ оти нивните кандидати се „многу успешни“ ако се кандидати на партијата, а ако се кандидирале за независни тогаш „ни шајка не заковале“.

Инаку во Куманово во сите изминати години градоначалник бил од редовите на СДСМ, како што е и се уште актуелниот Димитриевски.
spasovski