Драги млади, создаваме заедно услови за европска иднина дома, објави техничкиот премиер и пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Во периодот што следува, со новата развојна економија, силно ќе го јакнеме младинскиот претприемачки дух, иновациите и креативноста, со почитување на талентите и вештините на младите луѓе. Знаеме дека ви значи да имате достоинствени плати, но и да имате квалитетни услови за живот. Затоа се определивме за изградба на иновативна, дигитална, праведна, еко држава. Младите луѓе, никогаш вака како денес не биле директно поддржани со конкретни политики и финансиска поддршка. Младинската гаранција, проектите за самовработување, за дообразување даваат резултати. Нè имате за ваш партнер. Ајде уште поенергично да се вложиме во кариерниот развој и да ги поставиме цврсто темелите за европски животен стандард – дома, во родната земја.Честит Меѓународен ден на младите – 12 август!- се вели во честитката од Спасовски објавена на неговиот профил на Фејсбук.