Државните инспектори продолжуваат интензивно да работат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19, порача преку фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
– Секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат, вели Спасовски.
Владата на синоќешната седница ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење на коронавирусот (забрана и посебен режим на движење на територијата на државата а време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраста). Предлог мерките ќе бидат разгледани на денешната владина седница.
Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата, пак, се задолжени да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид – 19.