Aвионот на Ер Србија, Ербас 330, кој вчера замина за Кина, е подготвен да се врати назад во Србија, полн со медицинска опрема и кинески медицински експерти, за на српските граѓани да им помогне во борбата против коронавирусот, јавува српски Курир.

Авионот веќе полетал за назад и се очекува да слета во Белград отприлика околу 20 часот. Пред полетувањето, кинеските лекари се сликале со екипажот на летот и српското знаме.

Претходно, кинескиот претседател Си Џипинг испрати писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое изразува поддршка за Србија, медицинска помош, но и помош во луѓе, односно медицински тим.

Кина е меѓу првите земји што во Србија испратиле помош во експерти и опрема.

Вчера ЕУ забрани извоз на медицинска опрема за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и за Србија и за Македонија.