Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека и понатаму се утврдува идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. голема Албанија во Тетово при престојот на косовскиот премиер Албин Курти.

– Едноставно човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. А кого би знаеле ако не ги знаеме вработените во МВР? Јас се надевам дека и раководството во телевизијата во којашто работите ве знаат сите кои сте. Според тоа, знаејќи дека инспекторот или лицето кое се посочува не е тоа лице ние затоа објавивме и фотографија, јавна објава, за да видиме во однос на препознавањето на ова лице и понатаму утврдуваме кој би бил идентитетот на ова лице. Имаше лица кои и не се од РС Македонија дојдени од надвор на тие средби. Како што ќе добиваме информација ќе добиете секако повратна и вие, изјави Спасовски.

Прашан дали објавата резултирала со некаква дојава Спасовски рече дека има информации што веќе ги прибираат и оти ќе се утврди идентитетот на лицето кое ќе одговара за кривично дело.