Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој денеска беше во посета на новите 550 кандидати за полициски службеници во Центарот за обука во Идризово, на новинарско прашање дали е завршена истрагата за смртта на девојчето од Гостивар со оглед на тоа што градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари вчера изјави дека првчните информации за трагедијата се неточни и случајот повеќе се политизира, потенцира дека истрагата трае и нема да коментира додека не заврши и биде објавено од страна на јавното обвинителство.
– Не сакам да навлегувам во тие политички игри, политички флоскули кои ги пласираат едните или другите. Очигледно е дека нешто мора да се преземе и со кучињата скитници и со безбедноста на граѓаните во тој дел во кој се надлежни локалните самоуправи, со цел тој систем на јавна безбедност да биде заокружен од сите институции. Јавната безбедност не е само МВР, сите ние треба да придонесеме. Јавна безбедност е и осветлувањето затоа што анализите покажуваат дека на неосветлените места се случуваат најголем број кривични дела. Тоа е комплексен проблем, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Инаку, вчера во Скопје, како што објавивме, нападнат и искасан од куче скитник беше и полицаец на МВР.