Високата доверба кон полицијата од 50 отсто од испитаниците во анкетата спроведена од Меѓународниот републикански институт покажува дека МВР е целосно реформирана демократска институција, која работи во полза на сите граѓани, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Рангирање на државата според Глобалниот индекс за мир во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот, а како најбезбедна држава во Западен Балкан. Изградивме квалитетен однос со медиумите и медиумските работници, свесни дека само на тој начин ќе се обезбеди доследно партнерство со највисока цел – информирање на граѓаните и заштита од неквалитетни, непроверени, непотврдени или лажни вести. Така, активната транспарентност на МВР од просечни 59.5% во 2016, во 2022 изнесува високи 91.7% – скок за 32.2%, поминувајќи три нивоа, од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност. Продолжуваме и во 2023!- објави Спасовски на својот профил на Фејсбук.