Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, откри министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.
Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.
Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.
Во контекст на актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот.