Во проектот „Безбедни семејни зони“ посебно е значајно што тој е насочен за заштита кон децата кои учествуваат во сообраќајот и бремените жени, кои исто така учествуваат во сообраќајот, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Преку реализација на овој проект се праќа силна порака за заштита на бремените жени и децата до 3 годишна возраст, проект што овозможува дефинирање безбедни семејни паркинг зони, на кои ќе можат да паркираат бремени жени или родители на деца до 3 годишна возраст, изјави денеска Спасовски, по повод обележувањето на паркинг местата за проектот „Безбедни семејни зони“ во реализација на АМСМ, во соработка со МВР, Градот Скопје и ЗЕЛС.

Овој проект, информира тој, е во фаза на имплементација целосно во Скопје, а ќе се продолжи со негова имплементација и во Велес, Куманово, Охрид и други, со цел на територијата на целата држава да го имплементираме проектот и на тој начин, потенцира Спасовски, да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот.