Не само што не треба да биде казнет, туку треба да биде и награден!

Така одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во денешното гостување на Радио Канал 77, на прашањето од слушател: Дали полицаецот (Сашо Тасевски) што пукаше на 27 април во Собранието на Република Македонија треба да биде казнет и да добие отказ.

– И доби човекот награда, му дадовме орден за своите залагања на 27 април, бидејќи ни спаси живот на сите таму пратеници кои бевме нападнати од таа насилничка орда тој крвав ден. И не само тој, туку уште тројца полицајци со својата храброст и професионалност ни ги спасија тој ден животите, а со тоа и уставниот поредок на државата, одговори Спасовски.