Со посебен пиетет положив свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите македонски херои, полициските службеници, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, во кругот на ПС Гази Баба, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Неизмерна почит кон нашите херои кои пред 22 години прерано нè напуштија положувајќи ги своите животи за Македонија и македонските граѓани – жртвата на загинатите полициски службеници е завет за херојското делување на секој припадник на безбедносните институции! Нека им е вечна слава, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

Од фотографиите што ги објавува во прилог се гледа дека венец положуваат заедно со премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше во посета на полициската станица во Гази Баба.

Спасовски во објавата не наведува против кого се бореле и ги дале животите македонските херои Петрушевски и Готак.