Во текот на следните два дена, заедно со висока делегација од МВР ќе остварам работна посета на Хаг, Кралство Холандија, седиштето на ЕВРОПОЛ, при што ќе остварам средба со Извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Притоа, додава Спасовски, ќе присуствуваме на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, а ќе оствариме и посета на бирото на Македонија во Европол.

– Исто така, ќе остварам билатерална средба со заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, а ќе се сретнам и со почесниот конзул на РС Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг. Продолжуваме со меѓународната агенда на МВР 2022/2023, а во насока на интензивирање на меѓународната полициска соработка, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.