Во текот на следните два дена ќе учествувам на 73.редовна Сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева, Швајцарска Конфедерација, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– На маргините од Сесијата ќе остварам две билатерални средби, и тоа со Филипо Гранди, Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, и со Антонио Виторино, Генерален директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција). Воедно, ќе присуствувам и на доделувањето на Наградата за бегалци Нансен, чијшто добитник оваа година е поранешната канцеларка на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.

Истата информација е реобјавена и на официјалниот профил на МВР.