За сомнителните трансакции на сметката на Мухамед Зеќири прва алармирала Управата на финансиската полиција а потоа постапило МВР, изјавил министерот за внатрешни работи во интервју за РСЕ. Тој додаде дека се погрижиле секој доказ и податок да се обезбедат а последниот збор на крај го има судот.

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми известил за Зеќири но и тој самиот е под надзор на Обвинителството поради неконфискување на имотот на бизнисменот Сеад Кочан во предметот Труст. Спасовски верува дека Муареми не сторил никакво незаконско дело.