Претреси од специјалната едница на МВР, попладнево се прават во затворот „Идризово“, според информациите блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот, од страна на специјалците.

Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.