Граѓаните на Република Македонија, секој месец, на сега притворената специјална обвинителка Катица Јанева и плаќале по 400 евра за кирија за нејзиното изнајмено живеалиште во Скопје.

Тоа траело одамна, а граѓаните дознаа откако изби аферата Рекет, па јавноста можеше да ја види куќата каде живеела специјалната Јанева, кога полицијата ги изнесуваше озвучените двоседи, троседи и табуретки кои ги користела таа во изнајмената куќа.

Од СЈО за ТВ Канал 5 велат дека според правилникот за работа, секој обвинител имал право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Ако киријата на обвинителот е поголема, и сака поскапо да се луксусзира, тогаш сумата си ја доплаќал сам.

Четири години по стапувањето на функцијата, Јанева нема направено никакви суштински промени во нејзиниот анкетен лист. Од недвижен имот поседува куќа во Гевгелија и два стана во Скопје кои се на име на нејзините деца.

Но, и покрај двата стана, Јанева одлучила да живее под кирија, во луксузна куќа во населбата Козле во Скопје.

И така во СЈО се е специјално, и обвинителите и кириите, како и нивните плати кои се поголеми за разлика од другите обвинителства.

И два стана може да имаат, и плата од неколку илјади евра, и пак од џебот на граѓаните да им се плаќа за кирија. А рекетот, пак, е капак на се.