Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) воопшто не е изненадена од одлуката на претседателот Стево Пендаровски, оценувајќи дека тој не е може и не сака да биде претставник на сите граѓани, ниту македонски државник.

Ова го потенцираат од СПМ во соопштение испратено до медиумите, коментирајќи ја одлуката на шефот на државата да ги потпише указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д.

– Со потпишување на Указите на 5-те законите за Бехтел и Енка тој потврди дека го претставува ДУИ и СДС како и крупниот капитал, а нема интерес за граѓаните и државата. Пендаровски е против работниците и е за нивно неограничено експлоатирање. Тој манипулира со прекувремена работа во текстот на законот, иако пресметките покажуваат дека се дозволува не 60 туку 72 часа работничко експлоатирање. Пендаровски покажа дека не се важни одлуките на Уставниот суд и дека како и власта и тој може да прави што сака. Затоа треба да се покрене постапка за импичмент иако тој веројатно смета дека го штити неговата СДС, се вели во реакцијата.

Лично е мотивиран, се додава во соопштението, со очекување за нов мандат од СДС и затоа нема друг интерес освен да им овозможи на Ковачевски, Груби и другите од власта да крадат безмилосно.

– Пендаровски го поттикнува коруптивното однесување и покажува нетолеранција кон другите. Тој прави поларизација во општеството и сака да се пренасочи интересот на граѓаните кон други прашања, а не кон незаконитото работење и крадење од власта. Социјалистичката партија на Македонија укажува дека граѓаните ваквите ликови треба да ги игнорираат и да ги остават да тонат во историски заборав. Изборот на нови некорумпирани личности во власта е единствен спас за излез на државата од кризата која ја создава Пендаровски и актуелната Влада, се вели во соопштението.