Воената вежба Брз одговор 23 е најголемата која годинава се реализира на Криволак, вежба со која испраќаме неколку силни пораки – дека придобивките од сојузништвото во НАТО се пред сè за граѓаните, дека нашата земја е подеднакво голема и важна колку секој од сојузниците и дека солидарноста е клучот на успехот и напредокот, особено во тешки времиња, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Ова се моменти кога со гордост велам дека македонската Армија е НАТО армија, моменти кои потврдуваат дека инвестицијата и во опрема и во човечки ресурси во Армијата е инвестиција во заедничката иднина и е гаранција за нашата колективна безбедност. Им честитам на припадниците на македонската и сојузничките армии за покажаната професионалност, посветеност и заедништвото кое го покажаа на вежбата „Брз одговор 23, рече министерката Петровска.