Процедурата за уставните измени во Собранието треба да започне и покрај се уште необезбедениот политички консензус, смета претседателот на државата.

-Знаете тоа е голема една политичка дилема, политичка не е правна, дали да влегувате во уставни промени ако немате обезбедено две третини претходно. Она што го знаеме, во тие рамки се движеше и моето размислување. Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата – проевропски антиевропски блок, рече претседателот пендаровски.

Осврнувајќи се на изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи, кој минатата недела порача дека Македонија и за кого уставните измени се само технички, Пендаровски рече дека на средбата меѓу нив тоа прашање не било спомнато, веројатно зашто сенаторот го знаел ставот на Пендаровски дека  не е проив уставните измени, но дека Марфи веројатно мислел на опозицијата. Тој смета дека ставот на опозицијата против уставните измени значи дека земјата сама ќе се блокира, а тоа секако е причина за загриженост кај најголемиот стратешки партнер на земјата.