Светскиот актер Роберт де Ниро ќе го глуми главниот лик во филмот за српскиот фолк пејач Мирослав Илиќ, кој беше нарекуван „машка Лепа Брена“ на српската фолк-естрада.
Понудата за главната улога ќе ја добие холивудската ѕвезда Роберт де Ниро, вели менаџерот и пријател на пејачот, Саша Мирковиќ, кој по филмот за Аца Лукас, вели дека подготвува уште еден кино хит.
– Мирослав Илиќ е жива легенда и заслужува неговото патување до ѕвездите од родното Мрчаевци да биде прикажано и претставено пред бројните почитувачи на неговиот лик и дело. Не сакам да чекам да умре за да снимам филм за него! Верувам дека тоа веќе го заслужи во текот на животот бидејќи постигна сериозен успех, па човекот е легенда, вели Мирковиќ.
За понудата на актерот кој ќе го глуми вели:
– Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се поради годините, но и поради физичката сличност. Работам напорно да ја донесам таа холивудска ѕвезда во Србија! Не можам да ги откријам сите детали, но ќе ви кажам дека ќерката на Де Ниро, Дрина, обожава да ги слуша песните на Илиќ, вели тој.
Филмот за Мирослав Илиќ е планирано да има два дела бидејќи, како што вели Мирковиќ, еден не е доволен за ваков музички великан. Првиот дел ќе зборува за музичките почетоци, а вториот дел за сегашноста.
– Покрај Де Ниро, кој, се надевам, ќе го глуми Мирослав во зрелите години, Илиќ како млад ќе го глуми млад и неафирмиран актер. Сакам да му дадам шанса на еден млад уметник да влезе во светот на филмската индустрија. Засега не знам кој ќе ја добие таа можност, вели Мирковиќ.
И Мирослав Илиќ кратко ја коментираше идејата Роберт Де Ниро да го глуми во биографскиот филм за него.
– Тоа засега само се крчка, идејата е уште во зародиш и ќе видиме што ќе биде. Не можам да ви кажам ништо конкретно освен дека омилен актер ми е Де Ниро, изјавил пејачот Илиќ.
Фото: Фејсбук