Дали Кире Лазаров ќе го облече дресот на двократниот европски шампион, тимот на Вардар, објави денеска спортскиот портал Спорт клуб.

Порталот оваа информација ја темели на објава од Википедија.

– Така стои барем на Википедија, извор кој сепак не е релевантен, но извор кој во минатото претходно најавувал одредени трансфери и тие се остварувале. Кире има се уште актуелен договор со францускиот клуб Нант, но ништо не смее да се исклучи од ракометните случувања, посебно ако се види ситуацијата во Вардар, на кои им се потребни сериозни засилувања за европските натпревари во ЛШ. Капитенот на македонската репрезентација, кон крајот на 2018 година потпиша продолжување на соработката со Нант на уште две сезони, односно до 2020 година, па евентуално наскоро би можело да се оствари ова многу интригантно сценарио, пишува порталот.