Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.
Како што изјави Љаиќ, покрај средбата со македонските и босанските колеги на која ќе биде заземен заеднички став и ќе бидат предложени конкретни мерки, ќе побара и итна седница на Комитет на договорот за слободна трговија на земјите од центарлна Европа (ЦЕФТА), бидејќи, нагласи, директно е прекршен овој договор.
– Косовските институции мора јасно да кажат дали и понатаму сакаат да бидат дел од ЦЕФТА-договорот или не сакаат, рече Љајиќ, кој е и потпретседател на српската Влада.
Тој додаде дека не постои членка на ЦЕФТА на која властите во Приштина и немаат воведено барем по една вонцаринска бариера, а најновата се однесува на сите членки.
Очигледно е, рече, дека принципите на слободното движење на стоки и услуги за косовските власти важат само тогаш кога нив им одговара.
– Таквиот однос е спротивен, не само на идејата за заеднички економски простор во овој дел од Европа, туку и со темелните вредности на модерната економија во светот, нагласи Љајиќ.
Бидејќи царинските давачки се применуваат исклучиво за сезонското овошје и зеленчук (краставица, домат, пипер, зелка, спанаќ, кромид, моркови, мешунки, компири, лубеница, дињи, јаболко, круша, слива, вишна, цреша, јагода, малини, купини) и пченка, извесно е дека, како што наведоа во Министерството за трговија на Србија, најголема штета од оваа решение на Косово ќе имаат членките на ЦЕФТА-договорот.