САД и западните сојузници на српскиот претседател Александар Вучиќ му доставиле „жежок предлог“ за решавање на косовскиот проблем, кој, според српски Блиц, Белград го оценил за „лош, но подобар од претходните“ слични предлози. Повеќе детаљи за предлогот доставен преку американскиот Стејт департмент не се соопштени.

– САД и западните сили ги доставија своите начела и принципи, но за нас тоа не е доволно добро. Не можеме да добиеме ниту една општина, а Заедницата на српските општини (ЗСО) ќе добие статут, но не се знае каков статус ќе има – рекол извор за Блиц.

Во составувањето на нон-пејперот учествувале Вес Мичел, помошник на американскиот државен секретар за Европа и Евризаија (дојде на местото на Викторија Нуланд), Хелга Шмит, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и претставник на Велика Британија.

– На масата на Вучиќ стигна повеќе отколку што Србија добиваше порано, што е позитивна околност, но тоа за него и понатаму не е прифатливо. Свесен е дека е тоа непристојна понуда на Западот со која не може да излезе пред граѓаните-тврди изворот на Блиц.

Според сознанијата на медиумот, Вес Мичел делови од планот им ги претставил на српски невладини организации, отворено велејќи дека Србија него мора да го прифати.

Наводно планот содржи и јасна финансиска конструкција за решавање на косовскиот проблем, како и тоа дека Мичел бил директен при што наводно на невладиниот сектор му пренел дека ако Вучиќ не сака да го прифати има кој сака, а тоа би значело и крај за Вучиќ и за Србија.