После овој продолжен викенд ни остана уште еден споен викенд до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури до декември, односно на 8. декември, кога во недела паѓа празникот Св. Климент Охридски, па се преместува за понеделник и со тоа се добива продолжен викенд.

Следната недела имаме уште еден плус неработен ден. 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционepна бopба.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционepна бopба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албaнскатa заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албaнскатa азбука

За граѓаните припадници на турскaта заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на тypски јазик