Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на комисијата – соопшти денеска прес-службата на Министерството за јавна администрација.

На состанокот биле разменети информации од заеднички интерес, при што се разговарало за можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите во насока на ефикасно и навремено спроведување на законските обврски на двете институции.
– Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и партнерски пристап, со цел обезбедување транспарентност, професионалност и доверба во институционалните процеси – информира МЈА, потенцирајќи дека останува посветено на зајакнување на институционалната соработка и унапредување на административните капацитети, со цел обезбедување ефикасна, отчетна и сервисно ориентирана јавна администрација.




