Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја, Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција.
– Амбасадорката Џанел му честита на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство – се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.
За јакнење на јавната доверба во институцијата, и двајцата ги истакнале како клучни транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и изедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во исправноста на одлуките.




