Османи во својот говор изрази благодарност за можноста да се започне Стратешкиот дијалог со САД и, како што додаде, се надева дека со ова ќе се отворат нови поглавја во соработката со двете земји

Големо задоволство е тука со нас да е министерот за надворешни работи Османи, добре дојдовте во Стејт департментот, добре дојдовте во Вашингтон. Вие сте најнова членка на НАТО, но истовремено ми е мило што го почнавме овој Стратешки дијалог кој сметам дека само ќе ja продлабочи соработката меѓу Северна Македонија и САД, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по вчерашната средба која ја оствари со министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, кој започна вчера.

Блинкен во своето обраќање истакна дека САД сериозно ја ценат реформската агенда што се спроведува во … Македонија, истакнувајќи дека тие ќе продолжат да даваат поддршка кон евроинтеграцискиот пат на земјата.

„Сакам да кажам и колку ја цениме сериозната реформска агенда што ја спроведува Северна Македонија – за демократија, за енергија, за економски иницијативи. Сите овие се важни прашања и ние ги поддржуваме. Подеднакво, силно ја поддржуваме Северна Македонија на патот на пристапување кон ЕУ, многу сакаме да видиме напредок и ќе продолжиме да даваме поддршка на секој можен начин. Секако, имаме многу да разговараме за руската агресија врз Украина. Колку што знам, вие неодамна бевте во Киев токму во деновите кога имав разговор со нашиот колега, Димитро Кулеба, така што сум нетрпелив да размениме мислења. Засега, добре дојдовте, добро е што сте тука“, истакна Блинкен