Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска оствари средба со својот руски колега Сергеј Лавров, во пресрет на очекуваната посета на Кина на рускиот претседател Владимир Путин на третиот форум „Појас и пат“.
Кина и Русија, двете соседни земји, имаат заедничка желба да се спротивстават на она што тие го гледаат како американска хегемонија и се зближија по руската интервенција во Украина, која Пекинг одбива да ја осуди.