Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат едночасновна средба на маргините на Самитот Г20, на 28 јуни во јапонскиот град Осака, соопшти денеска советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој истакна дека двајцата претседатели се очекува да разговараат за прашања од регионалната стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран.

Ушаков информира дека Путин на 29 јуни во Осака ќе има средба и со германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Прес службата на Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Емануел макрон планира средба со Путин на маргините на Самитот.