Најмалку четири лица се тешко повредени, а повеќе полесно денеска во голема експлозија во зграда во Виена.

Локалната полиција соопшти дека веројатно дошло до експлозија на гас околу 16:30 часот. Неколку ката од повеќекатницата се уништени.

Оваа област се граничи со центарот на градот, соопшти портпаролот на Виенската противпожарна бригада.

Полицијата, спасувачките тимови и пожарникарите се на терен. Пред зградата е кратер, вели портпаролот на противпожарната бригада.