Средношколците не отстапуваат од барањето учебната година да ја почнат со физичко присуство во училиштата, а ако се влоши состостојбата со Ковид-19 да продолжат со онлајн настава. На денешниот состанок со министерот за здравство Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести го слушнале ставот на епидемиолозите кои пак сметале дека според моменталната ситуација најбезбедно  за децата било да учат од дома. Но, од Сојузот на средношколци велат дека на средбата и тие дале свои предлози како да изгледа новата учебна година.

– Да има децентрализиран пристап и комбинирана настава, односно градовите да ја следат епидемиолошката состојба. Второ, да има хигиенскиуслови во училиштата, зошто предтходно пред Короната не беше така и во случај ако 5 проценти од ученициуте и наставниот кадар се позитивни на Ковид-19 тогаш да се премине на ригорозна онлајн настава, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци.

Пред најавениот протест за в понеделник во текот на неделата средношколците нивните ставови ќе ги кажат и на заедничкиот состанок со родителите и наставниците.

– После протестот ако не се земат предвид барањата ќе продолжиме со следните чекори меѓу кои е и бојкот на наставата, рече Ходаи.

Средношколскиот протест е закажан за 31 август во 17.30. Учениците ќе се соберат пред министерството за образование и ќе се движат до Владата.